Кефалонија - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Кефалонија

ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2019
Датум на поаѓање Почеток на аранжманот Крај на аранжманот  1/6  1/5  1/4  1/3  1/2
07.07.2019 08.07.2019 17.07.2019 / / /  279€   299€ 
16.07.2019 17.07.2019 26.07.2019 289 289 299 309 329
25.07.2019 26.07.2019 04.08.2019 289 289 299 309 329
03.08.2019 04.08.2019 13.08.2019 289 289 299 309 329
12.08.2019 13.08.2019 22.08.2019 279 279 289 299 319
21.08.2019 22.08.2019 31.08.2019  269€   269€   279€   289€    309€ 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

Напомена:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува .
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не Скопје, може да се информирате во агенцијата
  • Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.
  • Напуштање на собите е во 10:00 часот.
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос е предвидено во попладневните часови.
  • Користење само на превоз е 99 евра.

ВИЛА КИКИ

Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

ВИЛА АЛЕКОС

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

ВИЛА АСТИР

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса. Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

Програма:

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  

Крстарење до Островот Закинтос

Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек.

Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.

Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.

Во овој град ќе можете да посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Етно Тура

Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.

На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.

Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.

Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.

Вечерен излет во Скала

Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.