Будва - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будва

Нова Година 2019 во БУДВА

Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера.

Програма за патување:

29.12.2018 (сабота) Скопје – Будва

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

30.12.2018 (недела) Будва

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот со водич. Сместување.

Вечерта можност за факултативна посета во некој од бројните ноќни клубови.

 31.12.2018 (понеделник) Будва – Porto Montenegro, Тиват

Можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, Тиват. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности. Враќање во сместувањето.

Вечерта можност за дочек на Нова Година во ноќен клуб.

01.01.2019 (вторник) Дубровник

Напуштање на апартманите и можност за факултативна посета на Дубровник. Еден од најсарите градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15ти и 16ти век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море.

Овде е снимена серијата Game of Thrones, причина плус зошто да се посети. Слободно време и во попладневните часови тргнуваме за Македонија.

Ноќно возење преку Албанија и Косово. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови во среда.

Промо цена 69 евра за 1/3 и 1/4 соба и 79 евра за 1/2 соба РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.11.2018

Цена на аранжманот: 85 евра

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања во приватно сместување во Будва (апартмани за 1/2,1/3 и 1/4 лица, опремени со кујна, тоалет и клима)
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

  • Факултативна посета на Дубровник
  • Факултативна посета на Porto Montenegro
  • Дочек на Нова Година во дискотека
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Напомена:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето