Загреб – главен град на Р.Хрватска и најголем град по бројот на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида со поглед на реката Сава, Градец и Каптол.
Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска.
Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата. Уникатниот спој на средовековни кули, палатите од 19-от век, античките катедрали, пазарите на отворено, го прават Загреб совршен град за уживање.
Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката црква или црквата на воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден – 02.01 во раните утрински часови.
BLACK FRIDAY ЦЕНА 195 евра /12.090 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259 евра / 16.060 мкд