Будимпешта
Сигурна реализација
Атмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја дочекаат новата година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна започнува да свири и насекаде се точи шампањ, се прават здравици, луѓето се бакнуваат и потоа уживаат во огнометот.
Состанок на групата пред поранешен хоте Бристол кај коцката во 15:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16:00 часот.Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Време за прошетка и слободни активности. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во 17:00 часот факултативно крстарење со брод по Дунав. Вечерта во 22:00 часот дочек на Новата 2025 Година на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. Во 10:00 часот задолжителен панорамски разглед на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечерта во 20:00 часот следи факултативна вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци. Посета на шопинг центар Арена. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 239 евра /14.820 мкд