Ја дочекуваме Новата 2025 на најегзотичните острови на #ЦЕЛСВЕТ!! Новогодишна авантура на Сејшели (Seychelles). Десет дена тропски рај каде ќе уживаме во најмекиот бел песок и во тиркизното пространство на Индискиот океан! Патувањето и доживувањето на Сејшели ќе го комплетираме со највкусните традиционални јадења и купување на рачни уметнички изработки и накит.
Ќе го научиме традиционалниот танц Сега, ќе се препуштиме на ритамот и ќе уживаме во енергијата на островот. Сместени сме на најголемиот остров, Махе (Mahe).
Ќе го посетиме главниот град Викторија (Victoria) и ќе уживаме на најубавите и најфотогенични плажи на светот – Port Launay, Anse Major, Anse Lazio, Anse Source d’Argent, ќе уживаме во вкусот на најдобриот рум на светот во Такамака и ќе го посетиме Прале (Praslin), еден од најубавите острови на светот, а и La Dique, каде одблизу се запознаваме со неверојатната природа на овие гранитни и корални острови, џунглите, растителниот и животинскиот свет.
Посети вклучени во цената на аранжманот:
1. Посета на главниот град Махе (Mahe) – Victoria City Tour
2. Takamaka дестилеријата на рум
3. Видиковецот Eden
4. Националниот парк Morne
5. Плажата Port Launay
6. Port Glaud Lagoon
7. Плажата Petite Anse
8. Плажата Anse Royale
9. Плажата Anse Soleil
10. Плажата Anse Intendance
План и програма
Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје 2 часа пред закажаното полетување за Истанбул. Лет за Истанбул во вечерните часови. Пристигнување во Истанбул.
Ден 2: Пристигнување на Сејшели
Лет од Истанбул за Сејшели во утринските часови. Пристигнување на Сејшели во претпладневните часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до
сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови
се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година.
Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж. Трансфер од аеродром до сместување. Сместување: Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles (1 ноќ).
Ден 3:
Разгледување на главниот град, Видиковецот Еден, Дестилеријата Такамака и плажата Anse Royale, разгледување на островот Mahe – главниот град Викторија, дестилеријата Такамака, видиковецот Еден и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Шетајќи низ градот, уживаме во шареноликата слика која ја прават камените и дрвени куќи од раниот 20-ти век. Викторија има два главни центри – еден од нив е сместен околу “саат-кулата“ – реплика на Big Ben од Лондон која претствува симбол на Сејшелите. Вториот центар се карактеризира
со пазарот Sir Selvin Selvin Clarke, кој е одалечен околу 5 минути пешки од кулата со часовникот. Пазарот е изграден во 1840-та година, а го добива името по францускиот гувернер кој сам ги изградил штандовите за продажба на роба на локалните земјоделци и рибари. Овој пазар е навистина вреден за посета, особено во сабота наутро, кога се нуди вистинската кошничка со производи – риба, зачини и егзотично овошје. Освен тоа, тука се наоѓа и кафиќ во кој можете да седнете и да ги впивате интензивните бои, звукови и мириси од пазарот, додека уживате во појадокот или ужинката. Едно од најпосетените места на Сејшелите и едно од омилените, посебно на фотографите, е шарениот хиндуистички храм кој се наоѓа во непосредна близина на пазарот. Оваа живописна градба во улицата Quincy Street е изградена во 1992-ра година и служи како место за молење на околу 5.000 Хиндуисти кои живеат во Викторија. Патниците кои сакаат, можат да ги соблечат патиките, да ги остават на влезот и да го посетат малиот храм. Следната станица ни е Видиковецот Еден од каде се отвора неверојатен поглед на Викторија. Продолжуваме до Дестилеријата Такамака, каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот Сејшелски рум. Остатокот од денот го поминуваме на една од рајските плажи на Сејшели – Anse Royale, каде ќе направиме супер фотографии. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Ден 4: Националниот парк Морне, Port Glaud Lagoon и плажата Port Launay
Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели – Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе – Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Ден 5: Посета на најубавите плажи на островот и СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Слободно време и подготовка за Новогодишната ноќ. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Неизбежно е да не си посакаме секоја наредна Нова Година да ја дочекаме на вакво магично место!!!
Ден 6: Факултативен излет – Praslin и La Digue
Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров – Praslin, втор по големина на Сејшели каде прво ќе го посетиме Valle de Mai. Valle de Mai е “срцето на Praslin” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн, туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат. По разгледувањето на Praslin, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи, каде ќе бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие
плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L’Union Estate, се наоѓа Anse Source D’Argent – најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна. Во цената е вклучено: трансфери според предвидениот план и програм, ручек, локален водич на англиски јазик, влезница во Vallee de Mai.
Ден 7: Факултативен излет – Плажата Anse Major
Слободен ден или факултативен излет на плажата Anse Major, една од најубавите плажи на Махе. По излетот, враќање во сместувањето и слободно време. Ноќевање.
Ден 8: Слободен ден или факултативна посета во St. Anne Marine националниот парк
Слободен ден за уживање и одмор. Можност за организација на факултативен излет во St. Anne Marine националниот парк кој претставува преубав мал архипелаг од кој некој од помалите острови се поврзани со песочни спрудови, па може од еден до друг да се помине и пешки. Плажите се подиви и зрачат со неверојатна убавина. Враќање во сместувањето. Ноеќвање.
Ден 9: Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓање
Напуштање на собите во претпладневните часови и слободно време до поаѓање. Трансфер до аеродромот во Махе. Лет за Истанбул. Превоз Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж .
Ден 10: Враќање и крај на патувањето
Пристигнување во Истанбул. Трансфер на лет за Скопје. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето. Превоз Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Сместување Divers Lodge Guesthouse (НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК)
|
Регуларна цена 2.399 EUR |
END OF YEAR SALE! Попустот важи само за следните 4 пријави! 1.999 EUR |
Сместување Coral Strand Smart Choice Hotel 4* (НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК) |
Регуларна цена 2.649 EUR |
END OF YEAR SALE! Попустот важи само за следните 4 пријави! 2.249 EUR |
Не е вклучено
Факултативни излети
СЕЈШЕЛИ – 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА:
Praslin и La Digue
Цена: 195,00
Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров Праслин (Praslin), втор по големина на Сејшели, каде ќе имаме можност да видиме Коко де Мер,едно од најголемите овошја во светот и симбол на Сејшелите! Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг! Палмата Coco de Mer е денес
загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Ja посетуваме и Anse Lazio, една од најпознатите плажи
на Сејшели! Потоа се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, недопрена природа и прекрасни плажи, La Digue е совршено место
за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродром и само неколку возила, ова е многу опуштено место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. На југот на островот, во рамките на комплексот L’Union Estate, се наоѓа Anse Source D’Argent – најпознатата плажа на Сејшели, а и на #Цел Свет. На оваа плажа има и парк каде што можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Тиркизната вода и бел прашкаст песок со препознатливите и впечатливи гранитни карпи ќе направат никогаш да не го заборавите ова место кое буквално потсетува на рај! Ќе имаме можност да се возиме во традиционално камионче, но и во проѕирен кајак и да уживаме во вкусната креолска кујна!
Во цената на излетот е вклучено:
Плажата Anse Major
Цена: 65,00
Anse Major е една од најубавите плажи на Махе. Залив на северот на островот со две прекрасни бели корални плажи и слатководна лагуна. Плажата е мала, но
прекрасна, со неколку палми и многу вегетација. Во водата може да влезете било каде долж песочната плажа, а гребенот во близина на плажата е погоден за нуркање. Овде може да видите најразлични видови риби кои се вбројуваат во најживописните видови кои живеат околу Махе. Факултативниот излет ќе се организира во попладневните часови.
Цената на излетот вклучува: трансфер по предвидениот план и програма и ручек.
ST. ANNE MARINE NATIONAL PARK
Цена: 85,00
Преубав мал архипелаг кој се наоѓа источно од Махе. Некои од овие острови се поврзани со песочни спрудови кои за време на осеката даваат посебна убавина и можност пешки да шетаме од остров до остров. Плажите се подиви, а локалците ни подготвуваат храна, со што дополнително ни ги “доловуваат“ убавините на овојархипелаг. Ќе имаме прилика да се сретнеме со разноврсен подводен свет, а ќе уживаме и во панорамска разгледување од самиот брод. Цената на излетот вклучува: трансфер со брод со проѕирно дно, ручек, влезница во националниот парк, сноркелинг (на две места) и локален водич.
Сместување
Divers Lodge Guest House Seychelles
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Divers Lodge Guest House е приватен мал Хотел/Guesthouse на Северниот брег на Островот Махе на Сејшели. Централно е лоциран на неколку метри од познатата
плажа Beau Vallon Beach. Имотот е опколен со тропска атмосфера, а генерално сите соби имаат поглед кон океанот и имаат балкон. Собите се двокреветни и располагаат со приватен тоалет, клима уред, фрижидерче, електричен kettle, ТВ со локални канали и бесплатен Wi-Fi. Услугата е на база ноќевање со појадок!
Сајт
https://www.diverslodgeseychelles.com/
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* ****
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Coral Strand Smart Choice Hotel е сместувачки објект на Сејшели со ****(по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање
со појадок, полу-пансион или полн пансион.
Сајт
https://coralstrand.com/
Општи напомени:
Напомени во врска со сместувањето:
Напомена во врска со факултативните излети:
Напомена во врска со визите:
Ј