Нови Сад - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Нови Сад

ДОЧЕК НА НОВА 2022 ГОДИНА

НОВИ САД

(Со вклучена новогодишна вечера, посета на Сомбор и ручек на салаш)

(30.12.2021 – 02.01.2022)  

Еднаш ме прашаа зошто сум така гимназијалски заљубен во Нови Сад. Не знаев да им одговорам. Затоа што со најдрагиот град е исто како и со најдрагата жена: никогаш нема да успееме да објасниме ниту себе ниту на другите што е тоа што толку силно не` поврзало“ (Мирослав Антиќ)

Тука, во Нови Сад ќе ја дочекаме Новата Година, во градот на тамбурашите, на фијакерите,во градот на Балашевиќ…

  

30.12.2021 (четврток)

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Прв ден: 31.12.2021 (петок)

 Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на целиот град. Потоа се упатуваме кон центарот на градот: Дунавската улица, Дунавскиот парк, Змај-Јовината улица, Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, Соборната Црква… По завршувањето на разгледот сместување на групата во хотел Planeta Inn4**** (http://planetainn.com/) кој се наоѓа на извонредна локација во непосредна близина на строгиот центар на градот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, организиран Дочек на Новата 2022 Година со свечена вечера и музичка програма во живо во ресторанот Kurjak Futog. Враќање во хотелот. Ноќевање. 

Втор ден: 01.01.2022 (сабота)

Појадок. Заминуваме со локален туристички водич на организиран разглед на Сомбор, градот на фијакерите, зеленилото и архитектурата. Градот има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови. Обиколката започнува од Градскиот Музеј, па покрај театарот и Плоштадот на фијакеристите ги разгледуваме старите Сомборски знаменитости: Плоштадот на Светото Тројство, Градското Собрание, Сончевиот саат (единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро), Старата Католичка Црква, Црквата Свети Ѓорѓе, Кармелиќанската Црква. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Потоа посета на традиционален салаш „Наш салаш“ (www.nassalas.com) и организиран ручек со музика во живо. Во вечерните часови враќање во Нови Сад. Ноќевање.

Трети ден: 02.01.2022 (недела)

 Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ новогодишно украсениот Нови Сад. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

189 евра (11.720 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел Planeta Inn 4**** во Нови Сад
  • Свечена новогодишна вечера во ресторан со неограничен пијалок од домашно производство и музика во живо
  • Посета на Сомбор со вклучен ручек на салаш и музика во живо
  • Туристичка такса
  • Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
  • Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 20 евра (за двете вечери)
  • Патничко осигурување

 

Напомена: Доколку се променат ковид протоколите, можно е аранжманот да претрпи одредени промени

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Последен рок за пријавување: 15. Декември 2021 година