Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот.Вечен град, град на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над триилјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија,седиште на град – државата Ватикан.Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град а и самите Италјани знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено но истовремено и модерен град кој постојано ги прати трендовите.Полн со вибрации на современ град, со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е и останува популарен како што бил и во времето кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.
1 ден: (29.12.2019 – недела) – СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:10 часот. Полетување за Рим во 18:10 ч. Пристигнување во Рим во 19:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Враќање во хотелот. Ноќевање.
2 ден: (30.12.2019 – понеделник) – РИМ (Разглед и Ватикан)
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ – единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: (31.12.2019 – вторник ) – РИМ (Колосеум)
По појадокот прошетка со локален водич: црква Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура на Мојсеј и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа).Потоа се посетува една од најголемите знаменитост и атракција во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Изградбата е започнато од императорот Веспасиан во 72 год и е завршен година после неговата смрт (80 год.) од неговиот син Тит. Потоа се проаѓа покрај Римскиот форум и завршуваме со Кампидољо – римското собрание, пиаца Венеција и Олтарот на нацијата… Останатиот дел од денот е предвиден за одмор или индивидуални прошетки низ Рим.Во вечерните часови , групно или индивидуално Дочек на Нова Година на плоштад.Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден: (01.01.2020 – среда ) – РИМ – Тиволи
Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во централниот дел на Рим, можност за прошетка со пауза за кафе, ручек/ вечера во некој од многуте ресторани на Трастевере. Враќање во хотел. Ноќевање
5 ден: (02.01.2020 –четврток ) – РИМ – СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од собите, слободно време за последно кафе и прошетки во Рим.Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 19:35 ч.Пристигнување во Скопје во 21:10 ч.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 150 €
Цени за Факултативи:
Напомена:
Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 01.12.2019 и минимум пријавени патници за реализација: 20.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Импала Травел