Виена - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Виена

Нова Година 2020 во Виена

 Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја. Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт…Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на познатата захер торта…. Сон е за секој човек со романтична душа или интерес за историјата. А, ако барате град во кој ќе побегнете од секојдневната рутина – веројатно го најдовте.

29 декември 2019 (недела)          СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:30 часот. Тргнување за Виена во 15:00 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

30 декември 2019 (понеделник)       ВИЕНА

Пристигнување во Виена. Во зависнот од времето на пристигање можност за попатна посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со придружник . Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

31 декември 2019  (вторник)         ВИЕНА

Појадок. По појадокот следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере ( без блез) , Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Во вечерните часови организиран трансфер до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2020 на некој од плоштадите со богата музичка програма. По полноќ во договорено време враќање во хотел.Ноќевање.

1 јануари 2020 ( среда)       ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на  Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за  животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф… За останатите предлог за следење на Новогдишниот концерт кој се емитува на видео бим пред Градското Собрание . Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно патуање преку Унгарија и Србија.

2 јануари 2020 ( четврток        СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   149 евра /  9.240 ден

за уплата до 15.11.2019159 евра / 9.860 ден редовна ценa

       ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3***  во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Организиран разглед на Виена 10 еур
    • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра
    • Влезници во музеите и културно – историските споменици
    • Патничко-здравствено осигурување – задолжително

НАПОМЕНИ:

    • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
    • За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи.
    • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Импала Травел.
    • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
    • Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл. 
    • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање.
    • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.