Солун - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Солун

Нова Година 2020 во Солун

30.12.2019 (понеделник) КУМАНОВО – СКОПЈЕ – СОЛУН

Поаѓање од Куманово (бензинска Макпетрол 03:00ч.) / Скопје (Хотел ВИП) во 04:00 часот. Патувањето продолжува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во пладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг или уживање во неодоливото вкусно кафе комбинирано прекрасниот морски поглед кое во секое годишно време не остава без здив. Во попладневните часови поаѓање кон хотелот и сместување. Ноќевање.

31.12.2018 (вторник) СОЛУН – КОСМОС

Појадок. После појадокот заминување кон Космос. Можност за шопинг и индивидуални активности. Во договореното време заминување кон хотелот. Одмор и припреми за дочек на Новогодишната ноќ. Во вечерните часови заминување кон центарот на Солун. ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА на плоштад или таверна(факултативно). Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.

01.01.2020 (среда) СОЛУН – СКОПЈЕ – КУМАНОВО

Појадок. Напуштање на хотелот и слободно време за прошетка во Солун. Факултативно крстарење со брод по Термаискиот залив. Во договореното време заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена за уплата до 20 Ноември: 85 € / 5.300 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 95 € / 5.900 ден

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Солун –  Скопје;
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Солун;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Трансфер од Штип и Куманово

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Туристичка такса – 2 евра од ден од лице
  • Крстарење со брод по Термаискиот залив – 15 eвра

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Импала Травел