Сараево и Мостар - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Сараево и Мостар

НОВА ГОДИНА ВО САРАЕВО И МОСТАР

29.12.2019 – 02.01.2020

1 ден: (29.12.2019- недела)  Скопје – Србија – Босна

Поаѓање од Скопје во вечерните часови.  Заминување на групата кон Сараево преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење преку Србија со попатни застанувања за одмор и пасошки и царински формалности.

2 ден: (30.12.2019 – понеделник ) Сараево

Попатна пауза за одмор во Мокра Гора , каде е изграден Дрвениот Град на Емир Костурица. Невообичаено место изградено на неколку стотици метри од живеалиштата на мечките, дивите свињи, срните и волците, во дрвени куќички на располагање има безжичен интернет, кабловска телевизија, електрична струја, водовод, канализација …Атракција која што вреди да се види.Во договорено време продолжуваме кон Сараево.Пистигнување во Сараево во попладневните часови. Сместување во хотел . Ноќевање.

3 ден: (31.12.2019 – вторник)Сараево

Појадок. После појадокот следува разгледување на старото градско јадро-Башчаршија со локален туристички водич. Посета на: Парламентот, Националната Библиотека, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, Башчаршиската Џамија, Латинската Чуприја-местото на атентатот на  Франц Фердинанд.Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта, Дочек на Нова година 2019 на плоштадНоќевање.

4 ден: (01.01.2020 – среда ) Сараево – Мостар – Црна Гора

Појадок. По појадокот заминување кон Мостар со попатна посета на Камената Ќуприја во Коњиц, срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва, а потоа продолжување кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите,град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол.Разгледување на градот. Посета на: Стариот мост,улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани,Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.Во попладневните часови  заминување кон Македонија. Ноќно возење преку Црна Гора и Албанија со попатни паузи и одмори.

5 ден: (02.01.2020 – четврток) Албанија – Македонија

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  115 € ( 7.750 )ден.

ЗА ПРВИТЕ 15 МЕСТА

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел 3* во Сараево на услуга две ноќевања со појадок,
  • Разгледување на Сараево со локален туристички водич,
  • Разгледување Коњиц  и Мостар,
  • Придружник од агенцијата,
  • Организација на патувањето и водство од агенцијата.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници во музеите и во културно-историските споменици;
  • Влезница за посета на Дрвен Град- 2 € (се плаќа при влез);
  • Туристичка такса, 2€ од ден по лице (се плаќа во агенција);
  • Патничко осигурување.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторoт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Импала Травел