Дидим - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Дидим

НЕЗАБОРАВЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА

ВО ДИДИМ-ТУРЦИЈА ВО ЛУКСУЗНИОТ „Venosa Beach Resort &Spa“ 5* на Ultra ALL Inclusive

(28.12.2019 – 03.01.2020)

 Време е да си подарите новогодишна ноќ во еден од најлуксузните хотели во Егејска Турција…Четири ноќевања во стандардни соби… Услуга на база Ultra ALL Inclusive… Празнична Новогодишна вечера со неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци од локално потекло… Шоу програма со DJ, ориентални танци и многу изненадувања… Затворен базен со топла вода и спа центар (турска бања, сауна, фитнес центар, аеробик)

 Прв ден: 28.12.2019 (сабота)

12.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 14.00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Турција. Дневно и ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 29.12.2019 (недела)

Во ноќните часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Дидим. Во пладневните часови пристигнување во Дидим, еден од најпопуларните реони во овој дел од Турција. Сместување во хотелот Venosa Beach Resort &Spa 5* лоциран на брегот од морето, на само 5 км од центарот на градот (https://www.venosa.com.tr/). Услугата во хотелот започнува со ручек. Слободно време за одмор од патувањето и за уживање во содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 30.12.2019 (понеделник)

Слободен ден за целосна релаксација и уживање во содржините на хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 31.12.2019 (вторник)

Слободно време за целосна релаксација и опуштање. Во 20.00 часот започнува Новогодишната празнична вечера со богато мени и неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци од локално производство. За забавата е ангажиран DJ, танчарки, лотарија и многу забава. Програмата во ресторанот завршува околу 02.00 часот. Ноќевање.

Петти ден: 01.01.2020 (среда)

Слободен ден за уживање во содржините што ги нуди хотелскиот комплекс. Ноќевање.

Шести ден: 02.01.2020 (четврток)

Појадок. Одјавување од хотелот во 11.00 часот и заминување кон Македонија. Патуваме повторно преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утринските  часови во петок, на 03. Јануари.

 Промотивна цена за уплата до 01.11.2019279 евра (17.300 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 299 евра (18.540 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 01. Ноември

и целосна доплата до 10. Декември

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Четири ноќевања база Ultra ALL Inclusive  во хотелот „Venosa Beach Resort &Spa“ 5*
  • Новогодишна празнична вечера со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци од локално производство
  • Користење на затворен базен со топла вода и спа центар (турска бања, сауна, фитнес центар, аеробик)
  • Организација на аранжманот и  туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Патничко осигурување

Ultra ALL Inclusive програма:

Појадок во основниот ресторан: 07.00-10.00 часот

Задоцнет појадок: 10.00-11.00 часот

Ручек: 12.30-14.30 часот

Вечера: 19.00-21.00 часот

Ноќен бифет (супа, паста и салати): 23.00-24.00 часот

Снек бар: 14.30-17.00 часот

Слаткарница (бисквити и торти):12.00-18.00 часот

Барови: бар на базенот (лесни, алкохолни и топли пијалоци) 24 часа

Ноќен клуб (лесни и алкохолни пијалоци): 23.30-02.00 часот

Фитнес, сауна, турска бања: 08.00-17.00 часот

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници