Будимпешта - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будимпешта

Нова Година 2020 во Будимпешта

Не постои место на светот кое барем малку наликува на прекрасната Будимпешта. Динамичен ноќен живот, архитектура за восхит, фасцинантна историја и уште многу возбудливи работи кои ќе ве преплават со инспирација.

5 дена/ 3 ноќевања – автобус

28 Декември (петок)          СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата во паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

29 Декември (сабота)          БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Прошетка низ центарот на Будимпешта во придружба на пратител и запознавање со градот. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

30 Декември (недела)          БУДИМПЕШТА
Панорамско разгледување на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „”Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Вечерта, факултативно-вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.

31 Декември (понеделник)   БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. Целодневен факултативен излет до Виена и можност да ја почувствувате новогодишната магија по познатите монденски улици во центарот на градот… Разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот… можност да се проба  виенска шницла во некој традиционален ресторан и прочуената Захер торта. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2020 година на плоштадот Matijash Pince. Враќање во хотел. Ноќевање.

01 Jануари (вторник)             БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотел. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Скопје во пoпладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје следниот ден во утрински часови.

Цена за рана уплата до 15. Ноември     9.860 денари  (159 евра)

Цена на аранжманот: 11.100 денари (179 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација.
  • Сместување во Будимпешта во хотел  3*** на база 3 ноќевања со појадок.
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта со стручен локален водич 10 евра
  • Крстарање со брод по Дунав 15 евра
  • Вечера во национален ресторан – чарда 35 евра
  • Посета на Виена 35 евра (за минимум 30 патници)
  • Посета на Сент Андреа 10 евра
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел.

Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Т.А.Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)  за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.


Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето