Hotel Izgrev Spa & Aquapark е лоциран во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Во неговата понуда се вклучени отворен и затворен базен. Исто така, гостите имаат бесплатен пристап до аква паркот во склоп на хотелот, бесплатен приватен паркинг и бесплатен ви-фи интернет.
Сите соби во хотелот се климатизирани, опремени се со flat-screen ТВ, и имаат балкон. Тоалетите имаат туш кабина или када, сите се опремени со фен за коса. Од собите се пружа поглед кон езерото. Одредени соби располагаат со камин, приватен базен и сеф.
Во à-la-carte ресторанот се служи традиционална или интернационална кујна. Исто така, гостите на хотелот можат да се опуштат во барот кој се наоѓа покрај надворешниот базен.
Hotel Izgrev Spa & Aquapark располага и со ултра модерен спа и велнес центар кој опфаќа сауна, парна бања, турска бања, соби за масажа, фитнес центар. Хотелот располага и со терени за тенис и мини голф.
Салата за конференции е со капацитет до 700 лица.
Напомени: