Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.
Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.
Период: 28.12 2020 до 24.01.2021
Тип на соба |
1 лице | 2 лица |
Супериор |
5.520 | 4.280 |
Јуниор суит |
6.140 | 4.900 |
Апартман & Дуплекс апартман |
6.760 | 5.330 |
Претседателски апарман |
17.980 | 8.990 |
Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок
Во цената е вклучено:
НАПОМЕНИ:
Период: 01.12 2020 – 01.04.2021
(Освен за 28.12.20 до 24.01.21)
Тип на соба | 1 лице | 2 лица |
Супериор | 4.280 | 3.040 |
Јуниор суит | 4.900 | 3.660 |
Апартман & Дуплекс апартман |
5.520 | 4.280 |
Претседателски апарман | 13.580 | 8.000 |
Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок
НАПОМЕНИ: