+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Нова Ривиера 3* – Охрид

Охрид

Хотел Нова Ривиера 3*

На самиот Кеј на Охридско Езеро, во срцето на древниот град на светлината – Охрид.Оддалеченост – 5 минути возење од централната автобуска станица, 10 км. од Охридскиот интернационален аеродром.

Капацитет

Хотелот располага со 33 двокреветни соби и 6 апартмани, ресторан со 300 седишта, аперитив бар, хотелска тераса со 80 седишта, сали за семинари и сопствен паркинг обезбеден со сигурносни камери.

Стандарди

Секоја соба е опремена со ТВ приемник, кабловска програма, интернет конекција, директна телефонска врска, автоматски клима уред, купатила целосно опремени со тоалетна галантерија, туш кабини во купатилата, 24 часа рецепција со целосна опрема.

Услуги

Основната услуга е на база на ноќевање со појадок за едно возрасно лице. Појадокот е бифе маса со интернационална храна. Собен сервис возможен додека работи ресторанот 06.оо-23.оо ч. Сервис перење – пеглање ист ден.

соба ноќевање со појадок полупансион
еднокреветна 1,930 ден. 2,320 ден. 3,250 ден.
двокреветна 1,390 ден. 1,670 ден. 1,990 ден.

 

Напомени:

  • Деца до 5.99 гратис

  • Деца од 6 до 12 год. – 30 %

  • Доплата за полн пансион (ручек) – 500 денари