+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Мизо 4* – Охрид

Хотел Мизо 4*

ПОЛОЖБА:
Комплексот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска чаршија. Опкружен со површина од чиста вода на езерото од една страна и прекрасна приватна природа. 

СМЕСТУВАЊЕ:
Комплексот располага со три депаданси и прекрасни дрвени куќарки, модерно опремени со туш кабина, телевизор, клима уред, мини бар, целосно опремена мини кујна, WI-FI конекција.

УСЛУГА: 
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Доплата за дополнителен оброк 434 денари.Секој оброк за деца од 1 до 12 години се наплаќа по редовна цена од 310 денари.

СОДРЖИНА:
Во состав на Хотел Мизо 1 има ресторан за индивидуални гости, ресторан за свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби, конференции, состаноци, семинари… Ресторанот има капацитет за 550 гости. На самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и вкусна храна. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило.

ПЛАЖА:
Комплексот располага со: отворен базен, приватна плажа, приватна марина (платформа).

СПОРТ И ЗАБАВА:
Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време.

Датум на престој: Лето 2021
Зафатеност \ Тип на сместување Ноќевање Ноќевање со појадок Полупансион Полн пансион
Еднокреветна соба 26€ 29€ 32€ 34€
Двокреветна соба (цена по лице) 20€ 22€ 24€ 26€
Мал апартман ( цена за спрат од вила за еден ден) 49€ / / /
Апартмани големи ( цена за спрат од вила за еден ден) 65€ / / /

 

Дете 0-5,99 години гратис, 6-10 години 50% попуст. Трето лице во соба 30% попуст.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНИТЕ:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари.

 

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Општите Услови за патување на Импала Травел
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.