+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Климетица 3* – Охрид

ОХРИД

ХОТЕЛ КЛИМЕТИЦА***

 

Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апартмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред. Располага со пространо лоби опремено со бар, телевизија и WIFI конекција.

Ноќевање со појадок19 евра (1,180 денари)

Ноќевање со појадок и вечера – 22 евра (1,360 денари)

Напомени и услови:

  • Цената е по лице на ден во двокреветна соба
  • За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 30% од редовната цена
  • Деца до 5 години гратис
  • Деца од 6 – 12 години плаќаат 50% од редовната цена