Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со сини покриви е една од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на брег од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена кон вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наоѓа варовито вулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дува североисточен ветер познат по името Meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.
Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот с’рт на калдерата, на 260м над површината на морето.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1. Ден: 20. Мај 2022. / Скопје – Грција:
Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.
2. Ден: 21. Мај 2022. / Грција – Атина – Санторини:
Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поаѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е предвидена факултативна посета OIA, каде ќе го дочекаме еден од најубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.
3. Ден: 22. Мај 2021. / Санторини:
Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во хотел. Ноќевање.
4. Ден: 23. Мај 2022. / Санторини:
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаниште и се упатуваме (со магаре или жичара, се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во хотел. Ноќевање.
5. Ден: 24. Мај 2022. / Санторини – Атина – Грција – Македонија:
Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето следува факултативна посета на винарија. По посетата на винаријата следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради
одмор и регулирање на граничните формалности.
6. Ден: 25. Мај 2022. / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.
СМЕСТУВАЊЕ |
ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ |
ЦЕНА |
ХОТЕЛ 3* |
1/4 СО ПОЈАДОК |
199 € |
1/3 СО ПОЈАДОК |
209€ |
|
1/2 СО ПОЈАДОК |
219 € |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.
FULL DAY SANTORINI
Целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме да се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето.
Целодневна екскурзија со брод
Крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира.
Винарија
Најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.
ЗАЈДИСОНЦЕ ВО ОИА
Ве носиме на најпознатото зајдисонце на островот.