Милано - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Милано

МИЛАНО 

градот на високата мода

                                                                                                                                    Авион 4 дена / 3 ноќевања                                                                 

Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

 

                     30.04.2022 (Сабота) СКОПЈЕ – МИЛАНО                                                                                    

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 18.00 часот. Авионот за Милано полетува во 19.50, слетува во 21.55 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.

01.05.2022 (Недела) МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови.  Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети… Ноќевање.

02.05.2022 (Понеделник)      МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО          

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил заради развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на  живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своитенајдобри филмски остварувања, као што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура… Ноќевање.

03.05.2022 (Вторник) МИЛАНО – СКОПЈЕ                                                                    

Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 22.30, а пристигнувањето во Скопје е во 00.30 часот на 04 Мај.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

399 евра   (24.740 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
  • Сместување во хотел 3*/4* во Милано на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.500 денари
  • Доплата за кабински багаж до 10 кг – 2.200 мкд/ чекиран багаж – куфер до 10кг – 650 мкд/ чекиран багаж – куфер до 20кг  – 3.700 мкд *( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Посета на Лугано и Комо 60 евра
  • Туристичка такса 930 мкд –  (се плаќа во агенција )
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 4.900 мкд

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.  За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.  
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  
  • За ова патување патниците треба да имаат сертификат за примена Фајзер вакина и ПЦР негативен тест.
  • За овој програм важат Општите Услови на патување на  Импала Травел
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Начини на плаќање:

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 7дена пред поаѓање. 

 

Општи напомени за патување:

Т.А. Импала Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.