Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка…
1 ДЕН 21.05.2022 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ
Состанок на аеродромот во Скопје во 06:20ч и полетување во 08:40ч. Стоп во Истанбул, 11:15 -12.55ч. Слетување во Кајсери во 14.15ч. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта, факултативно, посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци и музика, нешто што никого не остава рамнодушен. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ДЕН 22.05.2022 СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА
Појадок. Целодневна факултативна екскурзија, “Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжува кон срцето на Кападокија со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме се вдлабени во карпите, со преубави фрески и живописни бои кои и денес ја задржале својата свежина, а најзначајна од нив е црквата Св.Василиј… Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Заминување кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да се купи рачно изработен сувенир. Следи разгледот на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила, а потоа посета на долината Дервент богата со природни камени форми со ликови на животни, различни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени “волшебни оџаци”. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
3 ДЕН 23.05.2022 – Лет со балон – Ѓореме
Рано наутро околу 04.00ч факултативно летање со балон над Кападокија. Волшебно, незаборавно доживување… По лет следи здравица со шампањ и доделување на сертификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок. Слободно време. Попладне, факултативно разглед на центарот на Ѓореме: општината, римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Tere, првите “самовилини оџаци”, улиците со сувенири и ресторани. Враќање во хотел.
4. ДЕН 24.05.2022 Голема мистична тура
Појадок. Одјавување од хотел. Целодневен факултативен излет: подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во VII век пне, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата. Прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви, посета на манастирот Селиме кој потекнува од VIII век. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Трансфер до аеродром во Кајсери, полетување за Истанбул во 23:50ч.по локално време. Стоп во Истанбул 01:25 – 07:25ч. Слетување во Скопје 07:50ч.
Во цената се вклучени следниве услуги:
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Факултативни екскурзии:
НАПОМЕНА:
ВАЖНА НАПОМЕНА: