1 Ден 29.04.2021 Скопје – Манастир Острог
Состанок на групата во 20:00 часот и заминување за Црна Гора во 20:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи.
2 Ден. 30.04.2022 Манастир Острог – Цетиње – Будва
Пристигнување во Манастирот Острог во раните утрински часови за присуство на утринската литургија која трае 2 часа. По завршувањето на литургијата слободно време за разглед на манастирот, по што се продолжува кон Будва со попатна посета на Цетиње. Пристигнување околу пладне во Цетиње – Кралското седиште на ЦрнаГора. Разглед на градот: Палатата на крал Никола, Цетинскиот манастир, Претседателската палата. Патот продолжува кон Будва. Сместување во хотел “MB” 3*. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3 Ден. 01.05.2022 Будва
Појадок. По појадокот можност за организирана прошетка и посета на Стариот град кој е препознатлив по доминантната венецијанска архитектура. Слободен ден за индивидуални активности и уживање на некоја од блиските плажи и Јадранското море. Ноќевање.
4 Ден. 02.05.2022 Будва – Котор – Тиват – Скопје
Појадок. По појадокот, можност за факултативна посета на Порто Монтенегро – една од најлуксузните марини на Јадранското море. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св. Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св. Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св. Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола… Крстарење со брод по заливот Бока Которска, можност да се посетат црквата ,,Богородица на Скпрела,, и градот Пераст заштитен од (UNESCO). Поаѓање за Скопје со попатно застанување на видиковец од каде се нуди прекрасен поглед на Св.Стефан и можност за фотографирање. Пристигнување воСкопје во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги: