Куќа "Zeyia" - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа “Zeyia”

Куќа “Zeyia”

40.40005, 23.88018

15 % попуст за 30 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 03.02.2025 (понеделник)

Попустот е важечки за резервации заклучно со 04.01.2025 (сабота)

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Zeyia” се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.

Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална)  и директен поглед море од друга тераса (од дневна). Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање и еден стандарден кревет, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.

Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.

Апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.

 

1.Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/4 апартман бр. 2

 

1/4 дуплекс апартман бр. 1

 

1/4 апартман бр. 3

25/05-01/06

7

79

89

99

01/06-08/06

7

99

109

119

08/06-15/06

7

119

129

139

15/06-22/06

7

139

149

159

22/06-29/06

7

159

169

179

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

 

2.Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/4 апартман бр. 2

1/4 дуплекс апартман бр. 1

1/4 апартман бр. 3

29/06-06/07

7

679

719

739

06/07-13/07

7

729

779

799

13/07-20/07

7

769

829

849

20/07-27/07

7

769

829

849

27/07-03/08

7

799

869

879

03/0810/08

7

799

869

879

10/0817/08

7

769

829

849

17/0824/08

7

769

829

849

24/08-31/08

7

749

799

809

 * цена за наем на апартман

 

3.Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/4 апартман бр. 2

1/4 дуплекс апартман бр. 1

1/4 апартман бр. 3

31/08-07/09

7

149

159

169

07/0914/09

7

129

139

149

14/0921/09

7

99

109

119

21/0921/09

7

79

89

99

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени задолжително плаќаат 4 лица
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман/дуплекс апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2. 170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Tравел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервација.

Превоз:

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Дуплекс бр.1

Апартман бр.2

Дуплекс апартман бр.3