Diamond City 3* - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Diamond City 3*

Diamond City 3*

Местото Кумбургаз се наоѓа на брегот на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО! Хотел Diamond 3* на сама плажа.
Термини од јуни до септември, попусти до 30 евра од лице!

Teрмин

Редовни цени

07.06 – 14.06.2022

140 евра

14.06 – 21.06.2022

145 евра

21.06 – 28.06.2022

162 евра

28.06 – 05.07.2022

174 евра

05.07 – 12.07.2022

174 евра

12.07 – 19.07.2022

174 евра

19.07 – 26.07.2022

174 евра

26.07 – 02.08.2022

174 евра

02.08 – 09.08.2022

174 евра

09.08 – 16.08.2022

174 евра

16.08 – 23.08.2022

174 евра

23.08 – 30.08.2022

174 евра

30.08 – 06.09.2022

174 евра

06.09 – 13.09.2022

162 евра

13.09 – 20.09.2022

155 евра

20.09 – 27.09.2022

150 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Седум ноќевања во хотел Diamond 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз oд Скопје, Велес, Кавадарци (Дреново), Прилеп, Битола
  • Бесплатни лежалки
  • Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса од 0.5€ на ден oд лице (се плаќа задолжително во автобус)
  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Факултативни излети.

Сместување: Diamond city 3*

Хотел и одморалиште  Diamond City е одличен избор за сместување во Кумбургаз. Овој модерен хотел, чија историја започна во 1990 година, има 90 соби. Хотелот со 3* ѕвезди нуди 24-часовна услуга и комфорт.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има бесплатен wi-fi, фен, и пешкири.

Важно:

  • Промо цените важат до 31.12.2021 година
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секој понеделник. Секој вторник е прв ден од одмор
  • За влез во Република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месеци пред истекување
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од Промо цените.
  • За ПРОМО цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по Промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
  • Сместувањето во хотелот го одредува самиот менаџмент. Организаторот не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќаат плус 50% дополнително од редовната сума на аранжманот поради вториот кревет.
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот на регуларната цена, доколку се придружувани со двајца возрасни а доколку е придружуван од еден возрасен плаќа целосна сума.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден од лице ( Се плаќа задолжително во автобус)
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Импала Травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или промо цена понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Факултативни излети

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Третиот  ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden и Таксим Плоштад

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Ускудар, Чамлиџа, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

65е

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена:65 евра (намалена од 75евра).