Вила Andreas Studios 2* се наоѓа на Каламаки улицата на 500 метри од плажата и на 300 метри од главната улица. Се наоѓа во близина на хотелот Икарос. Сите соби имаат тераса, кујна и купатило, а опремени се со фрижидер и клима уред (со доплата на лице место)
9 Ноќевања |
1 / 3 |
1 / 3 |
1 / 2 |
1 / 2 |
10.07-21.07 |
232 |
209 |
244 |
219 |
19.07-30.07 |
255 |
229 |
267 |
239 |
28.07-08.08 |
255 |
229 |
267 |
239 |
06.08-17.08 |
255 |
229 |
267 |
239 |
15.08-26.08 |
232 |
209 |
244 |
219 |
24.08-04.09 |
220 |
199 |
232 |
209 |
Цената е за пакет аранжман по лице.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
Протокол за влез во Грција
**Сертификат за вакцинација (мин.14 дена од втора доза и максимум 270 дена) или негативен ПЦР (не постар од 72часа) или антиген тест (не постар од 24 часа) или сертификат за прележан Ковид 19 (мин.14дена од првиот позитивен тести макс. 180дена. За малолетни лица со наполнети 6 год. потребно е да имаат негативен ПЦР тест или антиген тест.
Протокол за влез во Македонија:
**За лицата со наполети 18год. па нагоре, а кои не се вакцинирани, на влез се должни да приложат негативен ПЦР тест или антиген тест или сертификат за прележан Коивид 19 (не постар од 45 дена)
Според легендата, старогрчките богови Аполон и Артемид, поради благата клима, преубавите плажи, кристално чисто море и мигичните заоѓања на сонцето го имаат избрано токму овој остров за одмор. Ќе Ве очекуваат целодневни излети на најубавите плажи на островот, Sv Nikolas и плажата Banana. Песочни плажи, во чија непосредна близина има и неколку барови, таверно и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите.
ПЛАЖА BANANA
Најголемата плажа на островот, која е препознатлива по своето егзотично, небесно плаво море. Не очекува незаборавен ден на оваа плажа, каде што ќе уживате во сонцето, морето и одличната забава на плажа. Стотината млади од Balkan Fun на едно место ќе Ви направат овој излет незаборавен…
ПЛАЖА Sv.NIKOLA
Ова е една од најубавите плажи на островот, која покрај својата убавина нуди и доста beach барови, таверни и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите. Цел ден ќе поминеме на оваа плажа и ќе ги наполниме батериите за остатокот од летувањето.
РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ ЗАНТЕ
Ова е еден од најубавите градови на Јонското море, се наоѓа во заливот од југоисточната страна од островот, во подножјето на брдото Бохали. Градот има прекрсасни градби, цркви и плоштади, својот денешен изглед го формирал после 1953. година, кога најголем дел од градот бил уништен од големиот пожар и земјотрес.
Еден од најитересните делови е Соломоновиот плоштад, најголем на островот, на кој се наоѓа и црквата St. Nicolаs on the mole, единствена градба од венецијанската епоха која го преживеала големиот пожар и земјотрес. На падините над градот се наоѓа и споменикот на Соломос, кој е роден на овој остров, а во непосредна близина се наоѓаат и остатоците од некогашниот замок.
Сигурно најубавото место од островот е брдото Бохали, од каде имате прекрасна панорама и поглед на градот и целиот остров. Не очекува целодневен разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Голем е бројот на ресторани, кафичи и афтентични таверни во кој може да пробате некои од локалните специјалитети и да се освежите.
КРСТАРЕЊЕ СО БРОД – плажа Navajo
Navajo плажата со сигурност е една од најубавите грчки плажи, до која може да се стигне единствено со брод. Ќе уживате во неверојатните пејсажи и преубавата природа на островот додека пловите со бродот. Ќе ги видиме Silvi, Alikes, неверојатните и преубави Плави Пештери и Navajo плажата, симболот на Закинтос која се наоѓа на сите каталози и разгледници од островот.
Бојата на водата, песокот, заливот и карпите која ја опкружуваат, заедно со стариот брод е нешто што сакате да го доживеете додека сте на островот. Ќе направите прекрасни фотографии на ова место. Во текот на целодневното крстарење повеќе пати ќе застануваме заради бањање и сликање.
ЖУРКА НА БРОД
Спремете се за единствената журка на брод. После влегувањето на бродот започнуваат незаборавни неколку саати добра забава и бањање по преубавите заливи и скриени плажи. Сонцето, стотината млади и најдобрите музички хитови ќе направат одлична атмосфера и провод за памтење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите…