“Maria Karga” - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

“Maria Karga”

Куќа ‘Марија Карга’

Ормос Панагијас се наоѓа на источната страна на Ситонија, на само 2,5 км од Агиос Николаос и на околу 115 км од Солун. Оттука поаѓаат бродовите за крстарење околу Света Гора, како и организирани екскурзии до островот Амулијани, кој е најголем остров во овој дел на Халкидики. Во непосредна близина, на околу 500 метри се наоѓа една од најубавите плажи на Ситонија, Трани Амуда, која е долга 3 км. Локалното население е познато по производство на Tsipouro-јак локален пијалок, кој го произведуваат на старински начин

Куќа „Марија Карга“ е лоцирана на самиот влез во Ормос Панагијас. Оддалечена е од првата плажа околу 150 метри, и околу 500 метри од една од најубавите плажи на вториот крак, Трани Амуда. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ЛЦД ТВ, тераса. Интернетот и климата се вклучени во цената. Истите се модерно, внимателно уредени и исклучително чисти. Во склоп на куќата има кафе бар, детски дел како и мала приватна градина (слична на таверна) каде гостите сами може да си подготвуваат јадење.

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио

1/4 студио

05/06-12/06

7

140

175

245

12/06-19/06

7

175

210

280

19/06-26/06

7

210

245

315

26/06-03/07

7

245

315

350

03/07-10/07

7

280

350

455

10/07-17/07

7

350

420

490

17/07-24/07

7

385

455

525

24/07-31/08

7

385

455

525

31/07-07/08

7

385

455

525

07/08-14/08

7

385

455

525

14/08-21/08

7

385

455

525

21/08-28/08

7

350

420

455

28/08-04/09

7

280

350

420

04/09-11/09

7

245

315

350

11/09-18/09

7

210

245

315

18/09-25/09

7

175

210

245

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / во еден правец (35 евра)
    • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) / во еден правец (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Импала Травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.impala.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.impala.com.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Импала Травел“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашата канцеларија.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите
  • т.а. „Импала Травел“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.
Тимот на “Импала Травел” Ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.