Куќа 'Alexandra' - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа ‘Alexandra’

Куќа ‘Alexandra’

Куќа „Александра“ е лоцирана во исклучително мирен дел на Никити, оддалечен од гужвата и метежот кои во текот на највисоката сезона се интензивни. Истата има соптвен паркинг, голем убаво уреден двор, а од плажата – море е оддалечена околу 50 метри. Четирикреветните студија се опремени со француски кревет и легло на пуштање или француски кревет и два стандардни кревета, а во мезонетите има француски кревет во долниот дел како и француски кревет во горниот дел и директен поглед на море, сите се со комплетно опремени кујни. Интернет и клима вклучени во цената.

 
Термин Ноќевања Четирикреветно студио Четирикреветна мезонета
20/5-29/5 9 219 249
29/6-5/6 7 299 369
5/6-12/6 7 359 399
12/6-19/6 7 389 469
19/6-26/6 7 439 509
26/6-3/7 7 459 559
3/7-10/7 7 499 599
10/7-17/7 7 529 629
17/7-24/7 7 589 679
24/7-31/7 7 589 679
31/7-7/8 7 589 679
7/8-14/8 7 589 679
14/8-21/8 7 589 679
21/8-28/8 7 549 649
28/8-4/9 7 499 599

 

Цена по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз

термин 1/4стд. / 1/4мезонета
4.9-11.9 169
11.9-18.9 149
18.9-25.9 99
25.9-2.10 77

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело четирикреветно (2+2) студио или четирикреветен апартман (2/2) за 7 ноќевања, освен првата и последната смена, а според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / во еден правец (35 евра)
    • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) / во еден правец (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Импала травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција.