Куќа 'Semi' - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа ‘Semi’

Куќа ‘Семи’

 

Куќа „Семи“ е лоцирана во средишниот дел на Неа Потидеа, оддалечена околу 50 метри од море. Има мал убаво уреден простор – двор со скара. Околу неа има слободни места за паркинг.

Располагаме со 6 двокреветни, 5 трикреветни студија и 2 четирикреветни студија (едното со одвоена кујна), сите се со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.

 

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3. и 4. лице

22/05-29/05

7

69

40

29/05-05/06

7

89

40

05/06-12/06

7

105

40

12/06-19/06

7

129

40

19/06-26/06

7

149

40

26/06-03/07

7

159

40

 

Термин

Ноќевања

Двокреветно

студио

Трикреветно студио

Четирикреветно студио

03/07-10/07

7

290

320

370

10/07-17/07

7

330

370

420

17/07-24/07

7

350

420

450

24/07-31/08

7

350

420

450

31/07-07/08

7

350

420

450

07/08-14/08

7

350

420

450

14/08-21/08

7

350

420

450

21/08-28/08

7

330

370

420

 

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3. и 4. лице

28/08-04/09

7

165

40

04/09-11/09

7

149

40

11/09-18/09

7

105

40

18/09-25/09

7

89

40

25/09-02/10

7

69

40

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 2.790 мкд. (45 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) еден правец 1.860  мкд. (30 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.