Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување.Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 8 години. Ве очекуваме.
Вила Јулианос
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби.
Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден).
Вила Атанасиус
Вила Атанасиус се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 300м оддалеченост од главната плажа. Вилата располага со едноспални апартмани и студија за две лица и дуплекс апартмани за четири лица. Апартманите имаат оделна кујна, купатило+ wc и балкон. Просториите немаат ТВ. Објектот има Wifi. Дел од дуплекс апартманите располагаат со два тоалети и два балкони. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има решо. Апартманите не располагаат со клима.
Вила Јулианос и вила Атанасиус – Крф Ипсос
Поаѓање |
Враќање |
Ноќевања |
Цена |
Промо цена до 15.02 |
28.5.2022 |
04.6.2022 |
7 |
109 |
69 |
04.6.2022 |
11.6.2022 |
7 |
119 |
79 |
11.6.2022 |
18.6.2022 |
7 |
129 |
99 |
18.6.2022 |
25.6.2022 |
7 |
135 |
108 |
25.6.2022 |
02.7.2022 |
7 |
143 |
114,5 |
02.7.2022 |
09.7.2022 |
7 |
152 |
121,5 |
09.7.2022 |
16.7.2022 |
7 |
189 |
151 |
16.7.2022 |
23.7.2022 |
7 |
199 |
159 |
23.7.2022 |
30.7.2022 |
7 |
199 |
159 |
30.7.2022 |
06.8.2022 |
7 |
199 |
159 |
06.8.2022 |
13.8.2022 |
7 |
199 |
159 |
13.8.2022 |
20.8.2022 |
7 |
199 |
159 |
20.8.2022 |
27.8.2022 |
7 |
177 |
141 |
27.8.2022 |
03.9.2022 |
7 |
152 |
121 |
03.9.2022 |
10.9.2022 |
7 |
129 |
103 |
10.9.2022 |
17.9.2022 |
7 |
119 |
95 |
17.9.2022 |
24.9.2022 |
7 |
109 |
79 |
24.9.2022 |
01.10.2022 |
7 |
101 |
69 |
Што е вклучено во цената
Што не е вклучено во цената
Ковид политика:
Т.А Импала Травел, гарантира поврат на уплатени средства во случај:
Тура на север
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до касиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
Аква Парк
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
НАПОМЕНА