Куќа "Tzouli 1" - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа “Tzouli 1”

Куќа “Tzouli 1”

 

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 3 капацитети се во нашата понуда и сите се на 1-ви кат) :

1/5 дуплекс апартман број 1 – со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси: една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.

1/5 апартман број 2 –  1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

1/5 апартман број 3 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална (споени) како и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед кон двор.

Сите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

 

40.399310, 23.880143

 

1. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3. 4. и 5. лице

22/05-29/05

7

79

40

29/05-05/06

7

99

40

05/06-12/06

7

119

40

12/06-19/06

7

159

40

19/06-26/06

7

179

40

26/06-03/07

7

199

40

 

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

 

2. Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/5 апартман бр. 3

1/5 апартман бр. 2

1/5 дуплекс бр. 1

03/07 – 10/07

7

479

499

539

10/07 – 17/07

7

499

519

559

17/07 – 24/07

7

519

539

579

24/07 – 31/07

7

519

539

579

31/07 – 07/08

7

519

539

579

07/08 – 14/08

7

519

539

579

14/08 – 21/08

7

519

539

579

21/08 – 28/08

7

509

529

569

 

3. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3. 4. и 5. лице

28/08-04/09

7

199

40

04/09-11/09

7

159

40

11/09-18/09

7

119

40

18/09-25/09

7

89

40

25/09-02/10

7

79

40

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.790 мкд. (45 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
                    За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) еден правец 1.860  мкд. (30 евра)
                    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Дуплекс бр.1

Апартман бр.2

Апартман бр. 3

Јерисос