Куќата „Конаки“ е лоцирани на околу 200 метри од пристаништето и во центарот на неповторливото, автентично селце Амулијани. Содржи трикреветни и четирикреветни студија. Секое од нив е со копмплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. Веднаш до нив има слободен простор за паркинг, како и маркети, таверни.
Термин | Ноќевања | 1/3 студио | 1/4 студио |
---|---|---|---|
29/05-05/06 | 7 | 140 | 175 |
05/06-12/06 | 7 | 175 | 210 |
12/06-19/06 | 7 | 280 | 315 |
19/06-26/06 | 7 | 315 | 350 |
26/06-03/07 | 7 | 385 | 420 |
03/07-10/07 | 7 | 420 | 455 |
10/07-17/07 | 7 | 490 | 525 |
17/07-24/07 | 7 | 490 | 525 |
24/07-31/08 | 7 | 490 | 525 |
31/07-07/08 | 7 | 490 | 525 |
07/08-14/08 | 7 | 490 | 525 |
14/08-21/08 | 7 | 490 | 525 |
21/08-28/08 | 7 | 455 | 490 |
28/08-04/09 | 7 | 350 | 385 |
04/09-11/09 | 7 | 315 | 350 |
11/09-18/09 | 7 | 245 | 280 |
18/09-25/09 | 7 | 175 | 210 |
25/09-02/10 | 7 | 140 | 175 |
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Импала травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите
- т.а. „Импала Травел“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала“ и на самата агенција.