+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

ЈЕРИСОС Куќа “Tzouli 1”

Лето 2021

Јерисос

Куќа “Tzouli 1

10% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 31 МАРТ

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli 1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се зад и над bakery ‘Julie’ (најдобрата пекара во местото), спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици :

  • дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над пекарата со големи тераси.
  • студиата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад пекарата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.

Сите се опремени со многу пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

1/5 + 1 дуплекс апартман број 1 – со 1 стандарден + 1 на извлекување и кревети на спрат (bunk) во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси : една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.

1/4 + 1 апартман број 2 –  1+1 стандардни единечни кревети во спална и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед кон улица.

1/4 + 2 апартман број 3 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална како и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа на пуштање во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед кон двор.

1/3 + 1 студио број 5 – брачен кревет + кревети на спрат (bunk).

1/3 + 1 студио број 6 – брачен кревет + 1 стандарден + 1 стандарден на извлекување.

ЦЕНИТЕ во табелата се однесуваат за наем на студио / апартман 7 ноќевања без превоз

Термин

Ноќевања

1/3+1 студио

1/4+1 апартман

1/4+2 апартман

1/5+1 дуплекс

23.05

7 ноќи

79

169

179

199

30.05

7 ноќи

99

179

189

219

06.06

7 ноќи

119

199

219

249

13.06

7 ноќи

189

219

249

289

20.06

7 ноќи

249

279

309

349

27.06

7 ноќи

279

319

349

389

04.07

7 ноќи

329

369

389

409

11.07

7 ноќи

349

399

419

439

18.07

7 ноќи

379

449

469

499

25.07

7 ноќи

379

449

469

499

01.08

7 ноќи

379

449

469

499

08.08

7 ноќи

379

449

469

499

15.08

7 ноќи

379

449

469

499

22.08

7 ноќи

379

449

469

499

29.08

7 ноќи

329

369

389

409

05.09

7 ноќи

279

319

349

389

12.09

7 ноќи

239

269

309

349

19.09

 11 ноќи

219

249

279

309

 

  • НАПОМЕНИ:

     

    • ЦЕНИТЕ во табелата се даедени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
    • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот) !
    • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се сместимаксимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
    • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро =62,00 мкд).
    • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи само за редовните цени.
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
    • Сместување во собите е по 14 часот по локално време, а напуштање на истите е до 09 часот.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
    • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
    • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
    • Согласно мерките и протоколите за Ковид 19, автобусите ќе возат со 75% исоплнетост.
    • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
    • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
    • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
    • Патниците се должни за целото времетраење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

     

          Доплата за превоз:

    • Превоз за возрасен 35€ / Еден правец 25€
    • деца до 12 години 25 евра / Еден правец 20 евра.
    • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
    • Доплата за превоз од Куманово 200 денари по лице
    • Датумот во табелата е термин на тргнување, тргнување од Куманово во 03.45 на паркингот пред Спортска сала, а состанок на групата во Скопје на паркингот спроти х.Холидеј Ин во 04.30 часот, поаѓање во 05.00 часот.
    • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.