НЕА КАЛИКРАТИЈА - Куќа “Дора Лукс” - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕА КАЛИКРАТИЈА – Куќа “Дора Лукс”

“Дора Лукс”

Куќа „Дора Лукс“ е новоизграден објект, во април-мај 2018 година. Се наоѓа на околу 700-800 метри од Неа Каликратија. Оддалечена е околу 250 метри од плажа/ море. Сите мезонети се на два ката и содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), тераса. Има летна кујна (скара) и сопствен паркинг. 

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/3+1 мезонета

1/3+2 мезонета

23/8-1/9

9

475

495

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

3. и 4. лице

1/9 – 11/9

10

10.230 (165)

2.170 (35)

11/9 – 21/9

10

7.380 (119)

2.170 (35)

21/9 – 1/10

10

4.650 (75)

2.170 (35)

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари. 
  • Истите се по лице за 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз 
  • Плаќаат минимум две лица
  • За патување со сопствен превоз се одбиваат 1.860 мкд. (30 евра) од целосниот – вкупен износ на аранжманот 
  • Тргнувањето е од Куманово во 01:45 часот наутро. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.impala.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.impala.com.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцеларијата  во Куманово, на ул. Илинденска, локалитет Гарнизон.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.
  • т.а. „Импала“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.
Тимот на “Импала Травел” Ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.