Врахос - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Врахос

ВРАХОС

 

ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва. Во дворот има лулашки за деца.  Вилата има сопствен паркинг (ограничен капацитет)и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со двокреветни, трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена мини кујна, сопствен тоалет, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 5 евра на ден).

ВИЛА ВАЈТ СЕНДИ БИЧ е во прва линија на плажа. Вилата располага со сопствени лежалки на плажа. Секое студио има 2 лежалки со чадор бесплатно на користење (во последниот ред на плажата). Студијата се на први кат со балкон со страничен поглед на море, комплет опремена мини кујна, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) иWI-FI.Четвртата особа може да биде дете до 12 години (во дел од студијата со доплата од 5евра дневно) на дополнително легло – софа на спуштање.

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ се наоѓа на височинка, на 70 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата има сопствен паркинг, располага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмани. Сите апартмани имаат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ и клима (се доплаќа 5евра ден). Опис: апартманите се лоцирани на 1 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Дуплекс апартманот се наоѓа на 1 кат, има три простории, спална соба со 1 брачен кревет, детска соба со 2 единечни кревети и дневен престој со кауч на извлекување и кујна.

Вила   ФИЛОКСЕНИЈА ВАЈТ СЕНД БИЧ      ЈОНИАН ВЈУ
Термин ноќевања 1/2 СТД 1/3 СТД 1/4 АПП 1/3 СТД 1/3 + 1 СТД 1/4 АПП 1/5 ДУПЛЕКС
30.05.2021 7 150 € 180 € 210 € 170 € 190 € 210 € 220 €
06.06.2021 7 180 € 210 € 240 € 200 € 220 € 230 € 240 €
13.06.2021 7 220 € 230 € 270 € 260 € 270 € 280 € 310 €
20.06.2021 7 230 € 240 € 330 € 290 € 300 € 350 € 400 €
27.06.2021 7 260 € 270 € 370 € 320 € 350 € 390 € 430 €
04.07.2021 7 280 € 290 € 400 € 380 € 400 € 420 € 450 €
11.07.2021 7 310 € 330 € 430 € 430 € 460 € 430 € 480 €
18.07.2021 7 340 € 360 € 460 € 470 € 500 € 480 € 520 €
25.07.2021 7 340 € 360 € 460 € 470 € 500 € 480 € 520 €
01.08.2021 7 340 € 360 € 460 € 470 € 500 € 480 € 520 €
08.08.2021 7 340 € 360 € 460 € 470 € 500 € 480 € 520 €
15.08.2021 7 340 € 360 € 460 € 470 € 500 € 480 € 520 €
22.08.2021 7 300 € 310 € 420 € 440 € 460 € 430 € 490 €
29.08.2021 7 260 € 270 € 370 € 350 € 370 € 400 € 420 €
05.09.2021 7 240 € 250 € 320 € 270 € 290 € 350 € 390 €
12.09.2021 7 220 € 230 € 280 € 230 € 240 € 290 € 310 €
19.09.2021 7 180 € 190 € 230 € 190 € 210 € 230 € 240 €

 

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Над дозволениот број, може, на дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин, попустот важи само на редовни цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето
  • Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 35€
  • Деца до 12 години 40€ / Еден правец 25€
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:
– Скопје 00.30 ч. Холидеј Ин
– Велес 01.00 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
– Неготино 01.30 ч. бензинска пумпа Макпетрол
– Смоквица 01.45 ч. бензинска пумпа BWO петрол
– Гевгелија 02.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Јониан Вју

Вајт Сенд

Филоксенија