+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕОС МАРМАРАС Вила „Sole A Mare“

НЕОС МАРМАРАС

 Вила „Sole A Mare

 Вилата Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри.  Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани  на прв спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончевi колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 Во сите студија и апартмани дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. 

Вила „Sole A Mare” – Неос Мармарас

 

Термин:

 

Ноќевања:

1/2 студио (море)

1/2+1 студио улица

1/4+1 апартман улица

1/4+1 апартман

(море)

20.05-30.05.2020

10

200 € (12.400 ден)

220 € (13.640 ден)

320 € (19.840 ден)

370 € (22.940 ден)

30.05-09.06.2020

10

250 (15.500 ден)

270 € (16.740 ден)

370 (22.940 ден)

420 € (26.040 ден)

09.06-19.06.2020

10

300 (18.600 ден)

320 € (19.840 ден)

450 € (27.900 ден)

500 € (31.000 ден)

19.06-29.06.2020

10

350 € (21.700 ден)

370 € (22.940 ден)

600 € (37.200 ден)

650 € (40.300 ден)

29.06-09.07.2020

10

450 (27.900 ден)

470 € (29.140 ден)

650 (40.300 ден)

700 (43.400 ден)

09.07-19.07.2020

10

550 € (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 € (45.880 ден)

19.07-29.07.2020

10

550 € (34.100 ден)

570 (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 (45.880 ден)

29.07-08.08.2020

10

550 (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 (42.780 ден)

740 (45.880 ден)

08.08-18.08.2020

10

550 (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 (45.880 ден)

18.08-28.08.2020

10

500 (31.000 ден)

520 (32.240 ден)

650 (40.300 ден)

700 € (43.400 ден)

28.08-07.09.2020

10

400 (24.800 ден)

420 € (26.040 ден)

600 (37.200 ден)

650 € (40.300 ден)

07.09-17.09.2020

10

300 € (18.600 ден)

320 (19.840 ден)

450 (27.900 ден)

500 (31.000 ден)

17.09-27.09.2020

10

250 € (15.500 ден)

270 (16.740 ден)

350 (21.700 ден)

400 € (24.800 ден)

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра