+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕОС МАРМАРАС Вила „Mersinis“

НЕОС МАРМАРАС

Вила „Mersinis

Вилата Mersinis“  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија  има се што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг,  преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis“  ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вилата Mersinis“  има шест пространи апартмани  на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси  со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Mersinis” – Неос Мармарас
Термин: Ноќевања: 1/2+2 апартман 1/2+3 апартман
20.05-30.05.2020 10 190 (11.780 ден.) 220 (13.640 ден.)
30.05-09.06.2020 10 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.)
09.06-19.06.2020 10 350 (21.700 ден.) 380 (23.560 ден.)
19.06-29.06.2020 10 400 (24.800 ден.) 430 (26.660 ден.)
29.06-09.07.2020 10 500 (31.000 ден.) 530 (32.860 ден.)
09.07-19.07.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
19.07-29.07.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
29.07-08.08.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
08.08-18.08.2020 10 650 (40.300 ден.) 680 (42.160 ден.)
18.08-28.08.2020 10 600 (37.200 ден.) 630 (39.060 ден.)
28.08-07.09.2020 10 490 (30.380 ден.) 520 (32.240 ден.)
07.09-17.09.2020 10 350 (21.700 ден.) 380 (23.560 ден.)
17.09-27.09.2020 10 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  •