+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕОС МАРМАРАС Вила „Alcano“

НЕОС МАРМАРАС

 Вила „Alcano

Ново во нашата понуда – Вила Alcano која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2020 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Alcano е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас Alcano(имајте предвид дека во овој ресторан се подготвува храна во текот на целиот ден, што подразбира голема френвенција на туристи пред вилата до полноќните часови). Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Alcano” – Неос Мармарас

 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/2 студио

1/2 студио (море)

 

1/3 студио

 

1/3 студио (море)

20.05-30.05.2020 10 180 (11.160 ден.) 200 € (12.400 ден.) 230 (14.260 ден.) 270 (16.740 ден.)
30.05-09.06.2020 10 220 (13.640 ден.) 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.) 320 (19.840 ден.)
09.06-19.06.2020 10 270 € (16.740 ден.) 300 (18.600 ден.) 330 (20.460 ден.) 370 (22.940 ден.)
19.06-29.06.2020 10 320 € (19.840 ден.) 350 (21.700 ден.) 380 (23.560 ден.) 420 (26.040 ден.)
29.06-09.07.2020 10 420 € (26.040 ден.) 450 (27.900 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.)
09.07-19.07.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
19.07-29.07.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
29.07-08.08.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
08.08-18.08.2020 10 520 € (32.240 ден.) 550 (34.100 ден.) 580 (35.960 ден.) 620 (38.440 ден.)
18.08-28.08.2020 10 470 € (29.140 ден.) 500 (31.000 ден.) 530 (32.860 ден.) 570 (35.340 ден.)
28.08-07.09.2020 10 370 € (22.940 ден.) 400 (24.800 ден.) 430 (26.660 ден.) 470 (29.140 ден.)
07.09-17.09.2020 10 270 € (16.740 ден.) 300 (18.600 ден.) 330 (20.460 ден.) 370 (22.940 ден.)
17.09-27.09.2020 10 220 € (13.640 ден.) 250 (15.500 ден.) 280 (17.360 ден.) 300 (18.600 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра