+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

КАЛАМИЦИ Вила „Vrahos“

КАЛАМИЦИ

 Вила „Vrahos

 Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламици, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.

Вилата Vrahos се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламици. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив.  Во оваа вила располагаме со четирикреветен апартман на прв спрат со тераса  која  има директен поглед на море. Апартманот има квалитетен мебел и солидно опремена кујна (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг. Напомена: Во апартманот дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години.

Вила „Vrahos” – Каламици
Термин: Ноќевања: 1/4 апартман I спрат
20.05-30.05.2020 10 250 (15.550 ден.)
30.05-09.06.2020 10 350 € (21.700 ден.)
09.06-19.06.2020 10 450 (27.900 ден.)
19.06-29.06.2020 10 550 (34.100 ден.)
29.06-09.07.2020 10 680 (42.160 ден.)
09.07-19.07.2020 10 780 (48.360 ден.)
19.07-29.07.2020 10 780 (48.360 ден.)
29.07-08.08.2020 10 780 (48.360 ден.)
08.08-18.08.2020 10 780 (48.360 ден.)
18.08-28.08.2020 10 680 (42.160 ден.)
28.08-07.09.2020 10 550 (34.100 ден.)
07.09-17.09.2020 10 450 (27.900 ден.)
17.09-27.09.2020 10 350 (21.700 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  •