+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Сутоморе

Сутоморе

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа  и ги нуди следниве капацитети:

 

ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( колона 1 од табелата ). На третиот кат собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер,тв,  тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената (колона 3 од табелата).

ВИЛА   СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима,тв, фрижидер и  со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона  3  од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   ЕКСКЛУЗИВ  располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. (колона 4 од табелата)

СМЕНА ПЕРИОД БОГОЈЕВИЌ СКАУТ/СКАУТ 1 ЕКСКЛУЗИВ
1 2 3 4
1 14.06. – 23.06 195 230 240 270
2 23.06. – 02.07 195 230 240 270
3 02.07. – 11.07 195 230 240 270
4 11.07. – 20.07 205 240 250 280
5 20.07. – 29.07 205 240 250 280
6 29.07. – 07.08 205 240 250 280
7 07.08. – 16.08 205 240 250 280
8 16.08. – 25.08 195 230 240 260
9 25.08. – 03.09 175 210 220 250
10 03.09 – 12.09 155 190 200 220

Цените се изразени во евра и се однесуваат на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

(9 полни пансиони со вклучен превоз).

 

  • Прво дете до 12 год. ПОПУСТ   од 50 % од цената на аранжманот.
  • Второ дете до 12 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
  • Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
  • За користење на ¼ апп во в.Скаут или Скаут 1 мора да се платат 3 полни суми
  • Попуст за трето возрасно лице и дете над 12год – 20% попуст
  • Дете до 5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).
  • Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра.
  • Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место

 

Поаѓање за ЦрнаГора

  • Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
  • Кавадарци 03.00 часот (пумпата кај Росоман)
  • Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) 04.00часот
  • Скопје (ДрвоДекор) – 05.00часот
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата

Вила Богојевиќ

Вила Скаут

Вила Ексклузив

Вила Скаут 1