+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕА РОДА Вила „Maria Pashalidou“

НЕА РОДА

Вила „Maria Pashalidou

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата  Voulitsa. Атрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Вилата Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и со еден петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Maria Pashalidou” – Нea Рода

 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/3 апартман

 

1/5 дуплекс апартман

26.05-05.06.2020 10 260 (16.120 ден.) 320 (19.840 ден.)
05.06-15.06.2020 10 320 (19.840 ден.) 380 (23.560 ден.)
15.06-25.06.2020 10 380 (23.560 ден.) 480 (29.760 ден.)
25.06-05.07.2020 10 430 (26.660 ден.) 580 (35.960 ден.)
05.07-15.07.2020 10 480 (29.760 ден.) 630 (39.060 ден.)
15.07-25.07.2020 10 530 (32.860 ден.) 680 (42.160 ден.)
25.07-04.08.2020 10 530 (32.860 ден.) 680 (42.160 ден.)
04.08-14.08.2020 10 530 (32.860 ден.) 680 (42.160 ден.)
14.08-24.08.2020 10 530 (32.860 ден.) 680 (42.160 ден.)

24.08-03.09.2020

10

480 (29.760 ден.)

580 (35.960 ден.)

03.0913.09.2020

10

380 (23.560 ден.)

480 (29.760 ден.)

13.09-23.09.2020

10

300 (18.600 ден.)

400 (24.800 ден.)

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра