+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

ЈЕРИСОС Вила „Maria“

ЈЕРИСОС

 Вила „Maria

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота.  Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос  се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Вилата Maria се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. 

Вила „Maria” – Јерисос
Термин: Ноќевања: 1/2 апартман 1/2+1 апартман 1/4 апартман 1/4 дуплекс
26.0505.06.2020 10 180 (11.160 ден.) 200 (12.400 ден.) 240 (14.880 ден.) 280 (17.360 ден.)
05.0615.06.2020 10 240 (14.880 ден.) 260 (16.120 ден.) 300 (18.600 ден.) 340 (21.080 ден.)
15.06-25.06.2020 10 320 (19.840 ден.) 340 (21.080 ден.) 380 (23.560 ден.) 420 (26.040 ден.)
25.06-05.07.2020 10 360 (22.320 ден.) 380 (23.560 ден.) 420 (26.040 ден.) 460 (28.520 ден.)
05.07-15.07.2020 10 420 (26.040 ден.) 440 (27.280 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.)
15.07-25.07.2020 10 460 (28.520 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.) 560 (34.720 ден.)
25.07-04.08.2020 10 460 (28.520 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.) 560 (34.720 ден.)
04.08-14.08.2020 10 460 (28.520 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.) 560 (34.720 ден.)
14.08-24.08.2020 10 460 (28.520 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.) 560 (34.720 ден.)
24.08-03.09.2020 10 420 (26.040 ден.) 440 (27.280 ден.) 480 (29.760 ден.) 520 (32.240 ден.)
03.0913.09.2020 10 320 (19.840 ден.) 340 (21.080 ден.) 380 (23.560 ден.) 420 (26.040 ден.)
13.09-23.09.2020 10 230 (14.260 ден.) 250 (15.500 ден.) 290 (17.980 ден.) 330 (20.460 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра