+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

ЈЕРИСОС Куќа “Tzouli 2”

Лето 2020

Јерисос

Куќа “Tzouli 2”

Попуст -20%  !

(попустот важи на основната цена, не важи на доплатите)

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli 2” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел веднаш зад познатиот caffe bar ‘Paprika’. Куќата располага со студио и апартман кои можат да се изнајмат и како заедничка целина (споено), бидејќи се поврзани со скали, но може и како одвоени. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата.

1/4 студио број 1 – сутерен,  5 скали под нивото на улица со прозорци од сите страни. Нема сопствена тераса но бидејќи се наоѓа во навистина мирен и заграден дел од градот, пред влезот може да се постави чадор за сонце со маса и столчиња.  Студиото е пространо со брачен кревет во спална која е затворена со завеса  и 1+1 стандардни кревети во голема просторија со кујна. Има опремена кујна, сопствен тоалет, пристоен мебел. Од студиото има скали со врата (кои се заклучуваат) кои водат до апартманот на прв спрат (може да се користат како одвоени единици но и споено).

1/4+1 апартман број 2 – апартманот се наоѓа на прв кат, истиот има влез од надвор. Има пространа голема тераса со лимитиран поглед море. Има голема дневна со целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, брачен кревет во спална и 2 стандардни + 1 на извлекување со кујна.  Истиот е споен со студиото на приземје со скали, но може да се користи и одвоено (има врата со клуч).

Термин

Ноќевања

1/4 апартман-студио

сутерен

1/4+1 апартман

1ви кат

1/8+1 споени на 2 ката (заедно)

05/07-12/07

7

339

449

719

12/07-19/07

7

369

459

749

19/07-26/07

7

389

479

789

26/07-02/08

7

389

479

789

02/08-09/08

7

399

499

819

09/08-16/08

7

399

499

819

16/08-23/08

7

399

499

819

23/08-30/08

7

399

499

819

30/08-06/09

7

319

399

659

06/09-13/09

7

309

389

649

13/09-20/09

7

299

369

629

20/09-27/09

7

279

339

599

27/09-04/10

7

259

319

569

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз. Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Импала Травел  организира превоз и истиот се доплаќа:
    – За возрасни над 12год = 2.170 мкд. (35 евра), еден правец 1,550 мкд. (25 евра)
    – За деца до 11,99 години = 1.550 мкд. (25 евра) еден правец 1,240 мкд. (20 евра)
    – Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
    • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред терминот на поаѓање.
    • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
    • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.