+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕА ПЛАГИА Вила „Talassinos“

НЕА ПЛАГИА

 Вила „Talassinos

На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети…Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои  доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило и широко шеталиште идеално за вечерни прошетки. Во нашата понуда имаме  трокреветни и четирикреветни студија и апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Возилата можете да ги парките во непосредна близина на вилата .

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Вила „Talassinos” – Неа Плагиа
Термин: Ноќевања: 1/3 апартман 1/4 студио 1/4 апартман
22.05-01.06.2020 10 140 (8.680 ден.) 170 (10.540 ден.) 220 (13.640 ден.)
01.06-11.06.2020 10 210 (13.020 ден.) 240 (14.880 ден.) 300 (18.600 ден.)
11.06-21.06.2020

10

 

270 (16.740 ден.) 300 (18.600 ден.) 360 (22.320 ден.)
21.06-01.07.2020 10 370 (22.940 ден.) 400 (24.800 ден.) 460 (28.520 ден.)
01.07-11.07.2020 10 440 (27.280 ден.) 470 (29.140 ден.) 520 (32.240 ден.)
11.07-21.07.2020 10 510 (31.620 ден.) 550 (34.100 ден.) 600 (37.200 ден.)
21.07-31.07.2020 10 510 (31.620 ден.) 550 (34.100 ден.) 600 (37.200 ден.)
31.07-10.08.2020 10 510 (31.620 ден.) 550 (34.100 ден.) 600 (37.200 ден.)
10.08-20.08.2020 10 510 (31.620 ден.) 550 (34.100 ден.) 600 (37.200 ден.)
20.08-30.08.2020 10 440 (27.280 ден.) 470 (29.140 ден.) 520 (32.240 ден.)
30.08-09.09.2020 10 370 (22.940 ден.) 400 (24.800 ден.) 460 (28.520 ден.)
09.09-19.09.2020 10 270 (16.740 ден.) 300 (18.600 ден.) 360 (22.320 ден.)
19.09-29.09.2020 10 190 (11.780 ден.) 220 (13.640 ден.) 270 (16.740 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра