+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕА КАЛИКРАТИЈА Вила „Evi II“

НЕА КАЛИКРАТИЈА

Вила „Evi II

Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа Sahara, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вилата Evi II е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата  меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат, а за претстојната сезона понудата во оваа вила е збогатена со нови студија и апартмани. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Evi II” – Неа Каликратија

 

Термин:

 

Ноќевања:

 

1/3 студио

 

1/5 апартман

 

1/5 апартман (дуплекс)

22.05-01.06.2020 10 220 (13.640 ден.) 300 (18.600 ден.) 360 € (22.320 ден.)
01.06-11.06.2020 10 260 (16.120 ден.) 360 € (22.320 ден.) 420 € (26.040 ден.)
11.06-21.06.2020 10 320 (19.840 ден.) 460 € (28.520 ден.) 520 € (32.240 ден.)
21.06-01.07.2020 10 400 (24.800 ден.) 500 € (31.000 ден.) 560 € (34.720 ден.)
01.07-11.07.2020 10 480 (29.760 ден.) 600 € (37.200 ден.) 680 € (42.160 ден.)
11.07-21.07.2020 10 550 (34.100 ден.) 680 € (42.160 ден.) 760 € (47.120 ден.)
21.07-31.07.2020 10 550 (34.100 ден.) 680 € (42.160 ден.) 760 € (47.120 ден.)
31.07-10.08.2020 10 550 (34.100 ден.) 680 € (42.160 ден.) 760 € (47.120 ден.)
10.08-20.08.2020 10 550 (34.100 ден.) 680 € (42.160 ден.) 760 € (47.120 ден.)
20.08-30.08.2020 10 480 (29.760 ден.) 600 € (37.200 ден.) 680 € (42.160 ден.)
30.08-09.09.2020 10 380 (23.560 ден.) 500 € (31.000 ден.) 560 € (34.720 ден.)
09.09-19.09.2020 10 300 (18.600 ден.) 440 € (27.280 ден.) 480 € (29.760 ден.)
19.09-29.09.2020 10 250 (15.500 ден.) 340 € (21.080 ден.) 380 € (23.560 ден.)
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  •