+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

НЕА ФЛОГИТА Вила „Bouzalis“

НЕА ФЛОГИТА

 Вила „Bouzalis

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун  се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму тука е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Вила „Bouzalis” – Неа Флогита

 

Термин:

 

Ноќевања:

1/3 апартман

 

1/4 апартман

(без поглед)

1/4 апартман улица

 

1/5 апартман

(море)

 

1/6 дуплекс улица

 

1/8 дуплекс

(море)

22.05-01.06.2020 10 8.680 ден (140 ) 10.540 ден (170 ) 12.400 ден (200 ) 16.120 ден (260 ) 17.360 ден (280 ) 18.600 ден (300 )
01.06-11.06.2020 10 12.400 ден (200 ) 14.260 ден (230 ) 16.120 ден (260 ) 22.320 ден (360 ) 26.040 ден (420 ) 29.140 ден (470 )
11.06-21.06.2020 10 16.120 ден (260 ) 17.980 ден (290 ) 19.840 ден (320 ) 26.040 ден (420 ) 29.760 ден (480 ) 32.240 ден (520 )
21.06-01.07.2020 10 22.320 ден (360 ) 24.180 ден (390 ) 26.040 ден (420 ) 32.240 ден (520 ) 35.960 ден (580 ) 38.440 ден (620 )
01.07-11.07.2020 10 27.280 ден (440 ) 29.140 ден (470 ) 31.000 ден (500 ) 37.200 ден (600 ) 40.300 ден (650 ) 44.640 ден (720 )
11.07-21.07.2020 10 31.000 ден (500 ) 32.860 ден (530 ) 34.720 ден (560 ) 40.920 ден (660 ) 44.640 ден (720 ) 49.600 ден (800 )
21.07-31.07.2020 10 31.000 ден (500 ) 32.860 ден (530 ) 34.720 ден (560 ) 40.920 ден (660 ) 44.640 ден (720 ) 49.600 ден (800 )
31.07-10.08.2020 10 31.000 ден (500 ) 32.860 ден (530 ) 34.720 ден (560 ) 40.920 ден (660 ) 44.640 ден (720 ) 49.600 ден (800 )
10.08-20.08.2020 10 31.000 ден (500 ) 32.860 ден (530 ) 34.720 ден (560 ) 40.920 ден (660 ) 44.640 ден (720 ) 49.600 ден (800 )
20.08-30.08.2020 10 27.280 ден (440 ) 29.140 ден (470 ) 31.000 ден (500 ) 37.200 ден (600 ) 40.300 ден (650 ) 43.400 ден (700 )
30.08-09.09.2020 10 21.080 ден (340 ) 22.940 ден (370 ) 24.800 ден (400 ) 31.000 ден (500 ) 34.100 ден (550 ) 35.960 ден (580 )
09.09-19.09.2020 10 14.880 ден (240 ) 16.740 ден (270 ) 18.600 ден (300 ) 24.800 ден (400 ) 27.900 ден (450 ) 29.760  ден (480 )
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • При сместувањто влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за оддржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.
  • Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на last minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Куманово
  • Тргнување од Куманово во 03:00h.
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра