+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

АГИОС ГЕОРГИОС – Вила “Анестис” и Вила “Ники”

Агиос Георгиос

Агиос Георгиос е мало туристичко место, на крајниот југозападен дел на островот. Од главниот град Керкира е оддалечено 30-тина км, а од јужното пристаниште Лефкими 10-тина км. Долгите песочни плажи и бистрите води на Јонското Море се само дел од убавините на ова место.

ВИЛА АНЕСТИС

Вила Анестис се наоѓа веднаш до Лорд Комплекс лоциран во непосредна близина на центарот на Агиос Георгиос. Плажата е оддалечена 4-5 мин. Вилата е со преубаво уреден двор, двокреветните студија се на приземје, а четирикреветните апартмани се на кат. Сите се опремени со мини кујна (фрижидер, две рингли за готвење, комплет прибор), ТВ и бања со туш, клима (се доплаќа). Гостите од вилата можат да го користат базенот и мини паркот за деца од Лорд Комплекс (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

ВИЛА НИКИ

Вила Ники се наоѓа веднаш до вила Анестис на 4-5 мин. од плажа. Располага со четирикреветни апартмани на кат и двокреветни студија на приземје и сопствен двор. Сите соби се опремени со мини кујна (фрижидер, мини шпорет со две рингли, комплет прибор), ТВ, бања со туш, клима (се доплаќа), тераса. На гостите им е дозволено користење на базенот, барот и паркот за деца од Лорд Комплексот. (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

 

Период

25.05

01.06

10.06

19.06

28.06

07.07

16.07

25.07

03.08

12.08

21.08

30.08

08.09

17.09

Ноќевања

7

9

9

9

9

9

9

9

9

9

9

9

9

7

1/2 

75€

129€

169€

199€

239€

259€

259€

259€

259€

239€

209€

179€

149€

75 €

1/4

75€

129€

169€

199€

239€

259€

259€

259€

259€

239€

209€

179€

149€

75 €

 

IV лице бесплатно сместување

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен превоз и карта за траект!
  • Трето лице бесплатно, плаќа само за превоз. Возрасен: 75 еур (4.635 мкд), дете од 2 – 11.99 год.: 55еур (3.999 мкд)
  • Цена за превоз на возрасен 75€ (4.635мкд), за дете 55€ (3.399мкд)
  • Користење на собите започнува првиот ден од 14:00 а се напуштаат во 09:00 последниот ден. (Локално време)
  • За пакет аранжмани од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 25€ од вкупната цена по лице.
  • Поаѓање од Скопје од Автобуска станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00 часот.
  • Враќање последниот ден во вечерните часови.
  • Доплата за користење на клима 6 еур на ден (се плаќа локално)
  • Доплата за туристичка такса – 0.5€ по соба на ден. Плаќање на рецепција.

ОПШТИ УСЛОВИ

  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата); не се потребни посебни вакцини.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Импала Травел, побарајте ги во агенцијата.
  • Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Во смените означени со (*) – ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

  • Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
  • Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
  • Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
  • Денови на престој (7 или 9)
  • Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
  • Попладневните часови поаѓање за Македонија
  • Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје
Вила Анестис:
Вила Ники: