+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Евиа

ЕВИА

10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.04.2020

 

Евиа е најголем остров во Егејското море и втор по големина Грчки остров ( после Крит). Главниот град Халкида се наоѓа на средишниот дел на островот, поврзан е со копното со мост, оддалечен од Атина околу 90км. Островот е со должина од 180км, а ширина од 6 до 45км.

Пефки е едно од најпознатите и омилени места за одмор на северниот дел од островот. Со своето скоро 4км долго шеталиште и плажа, зеленило и природни сенки, темно сината боја на морето е идеално место за оние кои сакаат вистински да се одморат. Во Пефки може да купите штотуку уловена риба или морски плодови, квалитетно маслиново масло и маслинки. Вашиот одмор во Пефки збогатете го со некој излет: термалните бањи во Едипсос, Атина, крстарење до Скијатос, Вулканските острови (Lihadonisias)…

 

ВИЛА НИКОС

Вила Никос се наоѓа во мирниот дел на Пефки на 80м од плажа. Вилата располага со 1/2+1 апартмани. Апартманите се на прв спрат, секој има посебно одвоена спална соба со два единечни кревети. Од спалната соба се излегува на тераса. Во кујната има дополнителен кревет, софа. Кујната е комплетно опремена, а секоја соба има тв, клима (вклучена во цената) и сопствен тоалет.

ВИЛА ФЕДРА

Вила Федра се наоѓа на 150м од плажа. Вилата располага со трокреветни студија кои се на прв спрат. Секоја соба има сопствено купатило, тераса, кујна, тв, клима (вклучена во цената).

ВИЛА КЕРАСИОТИ

Вилата се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса, тоалет. Студијата за 4 лица се со поглед кон дворот и се со брачен кревет и два единечни и се опремени со кујна, клима, тв, тераса, тоалет. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

ВИЛА АКРОТИРИ

Покрај самото шеталиште во првиот ред куќи покрај море се наоѓа вила Акротири. На приземјето има кафе бар, а веднаш до вилата и супермаркет.

Вилата располага со двокреветни студија кои се на прв спрат, дел од собите се со поглед на море, а останатите кон дворот. Секое студио е со комплетно опремена кујна, тоалет, тв, тераса и клима која е вклучена во цената.

 

Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите.

Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал  или технички проблеми и пречки кои може да се појават.

ПЕРИОД НОЌЕВАЊА вила НИКОС вила ФЕДРА вила КЕРАСИОТИ вила Акротири
1/3 стд 1/3 стд 1/4 стд 1/5 апп 1/2 море 1/2 стд
23.05. – 30.05 7 65 55 80 90 65 55
30.05. – 06.06 7 80 70 95 105 80 70
06.06. – 13.06 7 90 80 105 115 90 80
13.06. – 20.06 7 100 90 115 125 100 90
20.06. – 27.06 7 115 105 130 140 115 105
27.06. – 04.07 7 130 120 145 155 130 120
04.07. – 11.07 7 150 140 165 175 150 140
11.07. – 18.07 7 165 155 180 190 165 155
18.07. – 25.07 7 180 170 195 205 180 170
25.07. – 01.08 7 190 180 205 215 190 180
01.08. – 08.08 7 190 180 205 215 190 180
08.08. – 15.08 7 190 180 205 215 190 180
15.08. – 22.08 7 185 175 200 210 185 175
22.08. – 29.08 7 180 170 195 205 180 170
29.08. – 05.09 7 170 160 185 195 170 160
05.09. – 12.09 7 150 140 165 175 150 140
12.09. – 19.09 7 120 110 135 145 120 110
19.09. – 26.09 7 100 90 115 125 100 90

 Цените се изразени во евра во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд.

Вила Акротири:

Вила Федра:

Вила Керасиоти:

Вила Никос: