Европско првенство во ракомет 2020 Виена - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Европско првенство во ракомет 2020 Виена

Да навиваме за МАКЕДОНИЈА

Европско првенство во ракомет Виена 2020

 

1 ден (9 јануари) четврток 

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 16 часот, тргнување за Виена во 16.30 часот. Ноќно возење/ патување преку Р. Србија и Р. Унгарија со попатни паузи.

2 ден (10 јануари) петок

 Пристигнување во Виена во предпладневните часови. Сместување во хотел „Менингер“ по 14 часот. Слободно време за индивидуални активности. Да навиваме за Македонија – Украина, 20.30 часот. Ноќевање.

3 ден (11 јануари) сабота

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден (12 јануари) недела

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Да навиваме за Македонија – Чешка, 16.00 часот. Ноќевање.

5 ден (13 јануари) понеделник

Појадок. Во 11 часот организиран превоз до шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

6 ден (14 јануари) вторник

Појадок. Одјавување на групата од хотел „Менингер“. Слободно време за индивидуални активности. Да навиваме за Македонија – Австрија, 18.15 часот. По натпреварот (околу 21 часот) тргнување за Скопје. Ноќно возење/ патување преку Р. Унгарија и Р. Србија со попатни паузи.

7 ден (15 јануари) среда

Пристигнување во Скопје околу пладне.

Цена на аранжманот по лице: 21,600 мкд. (349 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Виена – Скопје
  • Блок карти/влезници за трите натпревари
  • Сместување во хотел „Менингер“ на база 4 ноќевања со појадок
  • Посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“
  • Лиценциран пратител – придружник на групата за време на патувањето и престојот во Виена

Цена на аранжманот без организиран автобуски превоз: 18.500 мкд. (299 евра)

Во цената на аранжманот не е вклучно:

  • Задолжително патничко – здравствено осигурување

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на Стопанска комора за туризам на Македонија и на T.А. „Импала Травел“