Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите…
Прв ден: 22.10.2020
Поаѓање на групата од Скопје во 23:00 ч. и Куманово во 23:30ч. Тргнување кон Златибор преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.
Втор ден: 23.10.2020
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Вечера во ресторанот. Ноќевање.
Трет ден: 24.10.2020
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот Бела Вода и познатата железница Шарганска Осмица. Во попладневните часови враќање во Златибор. Вечера со музика во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 25.10.2020
Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и пазарот за сувенири и добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.
Деца до 6 години ГРАТИС
Деца од 6-12 години – 50% од редовна цена
*Не е потребен ПЦР тест за влез во Србија!