+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Манастирите на Косово и Метохија

Манастирите на Косово и Метохија
Еднодневна тура
Грачаница – Високи Дечани – Пеќка Патријаршија

 

1. Ден недела . КУМАНОВО – ГРАЧАНИЦА  – ВИСОКИ ДЕЧАНИ – ПЕЌКА ПАТРИЈАРШИЈА – КУМАНОВО

 

Состанок на групата во 03:00 часот ( кај спортската сала) во Куманово. Тргнување за Косово во 03:30 часот. По граничните и царински формалности со кратки паузи, пристигнување во Грачаница во утринските часови.

Грачаница преставува седиште на една од неколкуте српски енклави на Косово, со околу 12 илјади жители, а познато по истоимениот манастир посветен на Пресвета Богородица, изграден по заслуга на кралот Милутин  во 14от век. Манастирот припаќа на Рашко-Призренската епархија и претставува неподвижно културно добро како споменик на културата од непроценливо значење. По разгледувањето на манастирот и објаснувањата на локалниот кустос патот продолжува кон северно-западниот дел на Косово, кон градот Пеќ. Пред посетата на Пеќ, продолжуваме кон областа Дечан, каде е лоциран еден од најубавите манастирски комлекси на Косово, манастирот Високи Дечани. Манастирот кој е изграден во првата половина на 13от век се наоѓа во долина покрај која тече реката Дечанска Бистрица која го надополнува и онака преубавиот амбиент околу манастирот. Изграден е од страна на кралот Стефан Дечански и царот Душан а по иницијатива на Св.Сава. Денес во Високи Дечани се наоѓаат моштите на кралот Стефан Дечански и Света Јелена Дечанска. По разгледот на манастирот и литургијата на која може да се присуствува во утринските часови, се упатуваме кон Пеќ со цел да ја посетиме Пеќката Патријаршија, седиште на Српската Православна Црква во периодот од 14от до 15от, и од 16от до 18от век. Интересен е фактот дека во периодот на 15от век Пеќката Патријаршија подпаднала под јуриздикција на Охридска Архиепископија.

По раздледувањето на истата заминување за Македонија. Пристигнување во Куманово во доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 1250,00 денари

 

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус;
  • Посети предвидени со програмата: Грачаница, Високи Дечани, Пеќка Патријаршија;
  • Лиценциран пратител – водич во текот на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги:

  • Влезници во локалитетите предвидени за посета
  • Патничко и здравствено осигурување за времетраење на патувањето – 150 денари