Валона - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Валона

ВАЛОНА

 

Градот Валона се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на граница меѓу Јадранско и Јонско море.

Во изминатите неколку години градот бележи експанзија на полето во туризмот.

Во центарот на Валона може да се посети градскиот плоштад и Споменикот на независноста а во пошироката околина тврдината Канина која во XII век како епархија била дел од Охридската архиепископија.

Во Валона има многу сончеви денови во годината и затоа сезоната за капење трае од крајот на април па се до октомври. Насекаде има плажи со европски шмек, пабови и барови со музика во текот на целиот ден.

05 Септември (Сабота) СКОПЈЕ – ВАЛОНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Валона и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

06 Септември (Недела) ВАЛОНА

Појадок. По појадокот, факултативно, посета на плажата Орикум, (оддалечена 15тина километри) позната уште како плажа на јахтите. Тоа е една од поубавите плажи во Албанија, со ситен песок, тиркизна вода и локали со многу вкусна храна. Враќање во Валона во договорено време. Ноќевање.

  07 Септември (Понеделник) ВАЛОНА

Појадок. Слободно време за прошетки, плажа, шопинг…Вечерта, факултативно, можност за организирана вечера. Ноќевање.

08 Септември (Вторник) ВАЛОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Можност за факултативна посета на манастиорот Звернек, посветен на Пресвета Богородица. Манастирот се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До него се доаѓа со пешачење низ 270 метри долг дрвен мост што претставува незаборавно доживување и можност за прекрасни фотографии. Попладнето, поаѓање кон Скопје и пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:

7.400 денари (119 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел 4* во Валона на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организирана вечера – 15 евра
  • Посета на плажата Орикум – 5 евра
  • Посета на манастиорот Звернек -10 евра
  • Туристичка такса
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
  • Т.А.ИмпалаТравел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Во Албанија се патува со пасош или лична карта.